Винсент Касел имаше специјална придружба на овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал.
На црвениот тепих на премиерата на „Parthenope“, 57-годишниот актер се појави со 27-годишната девојка Нара Баптиста, со која е во врска неколку месеци.
За оваа пригода, Нара избра свечена црна креација со шлиц во задниот дел.














Пред да ја започне врската со Нара, Винсент беше во брак со Тина Кунаки. Тој се венча со Тина во 2018 година, а добија ќерка во 2019 година. Веста за нивната разделба беше објавена во април минатата година.


Касел беше во брак со Белучи од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки.

