Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Уште една Американка сака да стане најдебелата жена на светот

ФОТО: Уште една Американка сака да стане најдебелата жена на светот

Дона Симпсон доби конкуренција. И Американката Сузан Еман тргна во опасната трка да стане најдебелата жена на светот и за таа цел консумира повеќе од 20 000 калории дневно. Сузан во моментов тежи 330 килограми и со тоа ја надмина Дона Симпсон која се смета дека е најдебелата мајка на светот.

Сузан со своите синовиСузан со своите синови

Многуте килограми не само што не ѝ сметаат на Сузан, туку ја прават горда и самоуверена.

„Колку сум поголема, толку подобро се чувствувам. Се чувствувам самоуверено и секси. Пред две години стигнав до 220 килограми и забележав дека започнав да привлекувам повеќе мажи. Тоа направи да се чувствувам добро.“

„Сакам да откријам дали е човечки можно да се достигне еден тон. Мојата наредна цел е да стигнам до 362 килограми до крајот на годинава. Со сегашното темпо на дебелеење, ќе имам 730 килограми кога ќе наполнам 41 или 42 години.“

„Зошто да не ги преминам границите и да видиме колку дебела можам да станам и да останам здрава?“ – изјавила таа за британските медиуми.

Лево: Сузан со својата сестра. Десно: Сузан со своите синови.Лево: Сузан со својата сестра. Десно: Сузан со своите синови.

Заедно со своите синови, Сузан секој месец оди на шопинг за храна кој трае по 8 часа. Нејзините синови Габриел и Брендин се хранат нормално, а огромната мајка инсистира дека таа се грижи добро за своето здравје.

Сузан на шопингСузан на шопинг

„Правам вежби за растегнување и вежбам секој ден. Моите мускули треба да ја издржат тежината, па мораат да останат силни. Го мерам крвниот притисок еднаш неделно... Го мерам шеќерот во крвта исто како дијабетичар. Ако нешто оди над нормалното, ќе го контактирам мојот доктор за совет. Ако се разболам, сестра ми ќе се грижи за децата. Но, досега не сум се доближила до опасните зони. Би сакала да видам дали е можно да стигнам до еден тон“ – рекла Сузан.

Сузан

„Таа си игра руски рулет со својот живот со ваквата цел. Никогаш не би поддржал некој да го прави ова што го прави Сузан“ – изјавил нејзиниот доктор и дополнил дека Сузан нема потреба од психијатриска помош.

Сузан со своите синови

Ако навистина Сузан си ја оствари целта и достигне 730 килограми, таа ќе ја надмине тежината на најдебелата жена досега – Керол Јегер, која починала во 1994 година на возраст од 34 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9464 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.