Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Русинка со 100 инјекции си ги направила најдебелите усни на светот

ФОТО: Русинка со 100 инјекции си ги направила најдебелите усни на светот

Кристина Реи е девојката која најверојатно ги поседува најдебелите усни на светот. 22-годишната Русинка ги мразела своите тенки усни и со помош на 100 силиконски инјекции екстремно си ги зголемила усните.

КристинаЛево: Кристина кога имала 15 години Десно: По ставањето на 100-те инјекции

Таа вели дека инспирацијата ја црпела од познатиот цртан лик Џесика Ребит. „Мислам дека изгледам фантастично. Ги обожавам огромните усни на Џесика Ребит. Според мене, таа е совршената жена“ – изјавила Кристина.

Кристина

Но, зголемувањето на усните не ја задоволила желбата на младата Русинка за промена на изгледот. Во наредниот период таа планира да си направи пластична операција на носот, градите, да си направи уши како на елф и уште повеќе да си ги зголеми усните.

Џесика РебитЏесика Ребит

„Тоа ме прави среќна. Сакам да бидам екстремна. Сакам да изгледам како лик од цртаните филмови. Зависна сум од тоа, го обожавам тоа. Некои мои пријатели ми велат дека не треба да ги правам усните поголеми, но јас не сум задоволна“ – изјавила таа.

Кристина признала дека на училиште била вербално малтретирана од своите соученици и била нарекувана со погрдни зборови. „Не ме зафркаваа конкретно за моите усни, но јас верував дека големите полни усни ќе ме направат поубава“ – додала Кристина.

Првата инјекција таа си ја ставила на 17 години и вели дека тоа придонело да стане посамоуверена. „Моите големи усни ми помогнаа да си ја зголемам самодовербата. Дури и моите родители се среќни за мене. Познавам луѓе кои мислат дека изгледам смешно, но не ми е гајле“ – рекла Кристина.

КристинаКристина пред да го започне бизарниот проект

Во ниту еден момент таа не се загрижила за последиците кои ги имаат инјекциите врз нејзиното здравје и смета дека ако досега немало никаква штета, не постои причина да престане да прима инјекции.

„Секоја инјекција боли исто колку и претходната. За среќа, никогаш сум немала инфекција или болки во усните потоа. Не се загрижувам за здравствените последици од она што го правам. Досега ништо не тргнало наопаку. Немам решено колку големи сакам да бидат, но во моментов дефинитивно се многу мали“ – изјавила Кристина, која досега никогаш немала момче.

„Кога ќе можам да си дозволам, ќе си ги зголемам градите, ќе го променам обликот на носот и ќе си ги направам ушите зашилени. Убаво е да си различен“ – рекла Кристина.

Единствен сериозен конкурент на Кристина за титулата „најдебели усни“ ѝ е американската актерка Аманда Лепор.

Аманда ЛепорАманда Лепор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.