Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Најдебелата жена на светот ќе се омажи за готвач

ФОТО: Најдебелата жена на светот ќе се омажи за готвач

Тој обожава да готви, а таа ужива да јаде и да ја зголемува својата прекумерна тежина, па двајцата се убедени дека нивната врска е идеална.

Сузан Еман, жената која минатата година откри дека има намера да стане најдебелата личност на светот, се заљуби во готвач. 33-годишната Американка, која моментално тежи повеќе од 340 килограми, си има поставено цел двојно да ја зголеми својата телесна тежина, а во остварувањето на таквите луди намери сега ѝ помага нејзиниот свршеник, Паркер Клак.

Сузан и Паркер

Сузан планира да стапи во брак со Паркер и тврди дека нивната врска е совршена. „Јас обожавам да јадам, а Паркер обожава да готви. Тоа е совршениот спој. Сè уште сакам да станам најдебелата жена на светот и на Паркер не му пречи тоа. Тој сака поголеми жени и гледа колку сум среќна кога јадам. Неговите кулинарски способности дефинитивно се нешто што ме привлече. Како можам да му одолеам на маж кој има талент во кујната?“ – изјавила Еман, која е мајка на две деца.

Сузан и Паркер Сузан и Паркер

„Паркер ми помага и со работата низ домот. Тој извршува најголем дел од домашните обврски, готви, ме поттикнува да одам на прошетки, доаѓа на пливање со мене, ми помага да направам сè што ми е тешко“ – додала таа.

Паркер и Сузан се запознале на интернет и започнале да си разменуваат електронски пораки. Неколку месеци подоцна тој се преселил во нејзиниот дом. Иако е загрижен за здравјето на Сузан, Паркер сепак ја поддржува во нејзината „мисија“.

„Се запознавме онлајн и си разменивме фотографии. Сметав дека е прекрасна. Отсекогаш сум преферирал големи девојки. За мене не се привлечни слабите жени. Мажите не треба да имаат облини, но жените треба, а Сузан дефинитивно има облини“ – раскажал тој.

Сузан и Паркер Сузан и Паркер

„Ја поддржувам затоа што тоа ја усреќува и затоа што сакам големи жени. Се разбира дека се грижам за нејзиното здравје, но се трудам да јаде и здрава храна како салата и ја охрабрувам да вежба. Таа оди на пливање откако се запознавме, и обожаваме да пливаме заедно.“

Сузан и Паркер

„Минатата година беше на проверка и докторот рече дека е во ред, иако тој не ја поддржува нејзината мисија. Тој рече дека таа се коцка со својот живот. Сè додека докторот вели дека таа е добро, јас ќе ја поддржувам“ – дополнил Паркер.

Сузан дневно консумира повеќе од 20.000 калории и не планира да се откаже од намерите да ја зголемува својата тежина. Ако таа успее да си ја оствари целта, ќе ја надмине тежината на најдебелата жена досега – Керол Јегер, која починала во 1994 година на возраст од 34 години.

Сузан и Паркер Сузан и Паркер

Официјално, Гинис ја прогласи Полин Потер за најдебела жена на светот. 48-годишната Американка за последен пат била измерена од претставници на Гинис во февруари минатата година и тогаш тежела 291 килограм. Но, таа смета дека денес нејзината тежина наближува 320 килограми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.