Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Има три години, а тежи 60 килограми

ФОТО: Има три години, а тежи 60 килограми

Лу Хао од Кина има само 3 години, а веќе тежи 60 килограми, што е за пет пати повеќе од тежината на неговите врсници.

Неговите родители се многу загрижени за неговата тежина, но велат дека не можат да му ја ограничат храната бидејќи Лу не престанувал да плаче ако не добие доволно храна.

Лу Хао

„Неговиот апетит е толку голем што за еден оброк може да изеде 3 големи чинии ориз“ – изјавил неговиот татко Лу Јунченг.

„Мораме да му дозволиме да јаде затоа што ако не го нахраниме, ќе плаче“ – дополнила неговата мајка.

Лу Хао Лу Хао

Тие го поттикнувале Лу да биде физички поактивен и да спортува, за него направиле мал кош во дворот, а често го носеле и да плива во блиската река.

Лу Хао во рацете на неговиот таткоЛу Хао во рацете на неговиот татко

Но, и покрај сето тоа, во текот на последната година Лу се здебелил 10 килограми.

Кога бил роден, Лу Хао тежел само 2,6 килограми, но откако наполнил 3 месеци, неговата тежина започнала нагло да се зголемува. Неговите родители го однеле во 3 различни болници. Во едната им кажале дека Лу има тумор во главата, но другите две го негирале тоа. „Докторите рекоа дека хормоните му се на нормално ниво. Тешко може да се каже зошто е толку голем“ – загрижено признал неговиот татко.

Лу воопшто не сакал да пешачи, па неговата мајка Чен Јуан секој ден со мотор го носела во градинка.

Голем дел од времето Лу поминува дома играјќи си со своите играчки. Неговата најомилена играчка е Супермен затоа што може да лета. Кога бил запрашан дали еден ден сака да лета како Супермен, Лу смеејќи се одговорил: „Не. Јас сум премногу дебел“.

Лу Хао

Чен, која воопшто не може да го крене в раце својот син, изјавила дека нивна најголема желба е еден ден Лу да ослаби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.