Најпирсираната жена на планетата стапи во брак со маж кој нема ниту една обетка на своето тело.
Бразилката Илејн Дејвидсон, која има точно 6925 пирса на своето тело и лице, се омажи со Даглас Ватсон на мала церемонија во Единбург.
Илејн Дејвидсон на свадбената церемонија
46-годишната Бразилка не личеше ни приближно на типичната невеста, со оглед на тоа што нејзиното лице беше прекриено со боја и 192 пирса, а на главата носеше и смешна декорација со пеперутка и розови цвеќиња.
Даглас и Илејн
За разлика од неа, изгледот на младоженецот беше многу конзервативен. „Илејн изгледаше прекрасно“ – изјавил тој по завршувањето на 35-минутната церемонија.
„Луѓето ги гледаат пирсовите, но јас под нив гледам неверојатна личност. Секогаш се воодушевувам од ефектот што нејзините пирсови го имаат врз луѓето. Таа е неверојатна жена“ – дополнил тој.
„Ако Даглас не сакаше тетоважи и пирсови, тогаш тој немаше да биде вистинскиот за мене. Се чувствувам среќна“ – рекла Илејн.
Илејн за спиење не вади ниту еден пирс
Илејн за првпат влезе во Гинис во 2000 година, кога имала 462 пирса, од кои 192 на лицето. Денес таа има скоро 7000 пирса кои тежат околу 3 килограми.
