Почетна » Новости » Чуден свет » Најнеодговорниот татко во Британија има 17 деца од 15 различни жени

Најнеодговорниот татко во Британија има 17 деца од 15 различни жени

Џејми Каминг е нарекуван најнеодговорниот татко во Велика Британија. Тој е невработен, живее на сметка на државата, татко е на 15 деца од 13 различни жени, а очекува да му се родат уште две деца.

Неговата 19-годишна бивша девојка го роди неговото најмало дете пред две недели. Неговата 19-годишна сегашна девојка веќе е пред пораѓање, а 17-годишна ќе роди негово дете на почетокот на наредната година.

Џејми КамингЏејми во 1999 година Џејми КамингЏејми сега

Мајката на 34-годишниот Џејми, Лорејн, не зборува со него и изјавила дека се срами од својот син. Таа смета дека тој треба да прави повеќе за да се грижи за многуте деца.

„Не зборуваме и иако го сакам како мое дете, јас сум горчливо разочарана од тоа како го живее својот живот. Тешко е да се прими сето ова, но давам сè од себе за ги гледам сите негови деца“ – признала таа.

Лорејн открила и дека не е изненадена од фактот што сите негови девојки се млади. „Жалосно е што не ја гледа неговата најстара ќерка, Саманта. Девојките по кои тој трча сега се на возраст блиску до нејзината – тој обожава тинејџерки. Тој е предатор, а младите се понаивни и полесни за фаќање“ – изјавила таа.

Џејми првпат станал татко на 17 години. Неговата тогашна девојка, Кели Дулеј, родила девојче во 1995 година, но веднаш потоа тој започнал нова врска и тоа со братучетка на Кели, со која бил во врска 10 години, но не можеле да имаат деца. Додека со неа се обидувале да имаат деца, Џејми станал татко на дете со друга жена. Во истото време тој забременил и пријателка на братучетката на Кели. Неговото десетто дете се родило во 2007 година, а само пет месеци подоцна добил уште еден син.

Лорејн редовно ги посетува сите свои внуци, за разлика од Џејми кој секогаш има изговори за да ги избегне средбите со своите деца.

Роднините на Џејми го молат да престане да прави бебиња, но се сомневаат дека ќе престане, бидејќи како што велат тие Џејми бил зависен од тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.