Почетна » Новости » Чуден свет » Најдебелата мајка започнува диета

Најдебелата мајка започнува диета

Дона Симпсон, најдебелата жена што родила, се откажа од својот сон да стане најдебелата жена на светот. Но, не затоа што сфати дека дебелината убива, туку затоа што нема партнер кој би се грижел за неа и би ја хранел.

Дона СимпсонДона Симпсон

Пред еден месец Дона го шокира светот кога призна дека храната ја добива благодарение на својата 4-годишна ќерка Жаклин, но сега веќе си го промени мислењето и смета дека нема смисла децата да ја хранат и капат.

„Во ред е да се дебелееш кога имаш партнер кој ќе те храни и ќе се грижи за сè околу тебе. Но, тоа треба да го одлучат двајца возрасни. Сфатив дека не можам да очекувам моите деца да го прават тоа за мене“ – напишала Дона во порака до своите обожаватели.

„Неодамна се разделив со мојот свршеник со кого бевме заедно 5 години и се преселив со моите две деца назад во Охајо. Тој потег што ми го промени животот не натера да сфатам нешто важно. Здравјето и добросостојбата на моето семејство отсекогаш ми биле приоритет. Сега кога сама сум одговорна за моите деца, морам драстично да си го променам животот“ – признала Дона.

Дона Симпсон со бившиот свршеник и двете децаДона Симпсон со бившиот свршеник и двете деца

Симпсон, која во моментов тежи 272 килограми, ја соопшти одлуката на својот веб сајт наменет за луѓе кои сакаат да гледаат дебели жени додека јадат. Секој член на сајтот на Дона плаќал по 20 долари месечно, а таа заработувала околу 90 000 долари годишно. Сега на местото на сајтот ќе стои блог кој ќе го следи слабеењето на Дона.

Дебелата мајка го запознала својот бивш свршеник на сајтот SupersizedBombshells.com, кој го посетуваат мажи што сакаат големи жени.

Сајтот за големи жениСајтот за големи жени

Сепак, Дона остава простор дека може повторно да се премисли и да започне да се дебелее ако запознае маж кој би сакал таа да е голема.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9520 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.