Почетна » Новости » Чуден свет » Модел си отстрани 6 ребра за да има струк од 35 см и потроши $120.000 на операции за да изгледа како жива кукла

Модел си отстрани 6 ребра за да има струк од 35 см и потроши $120.000 на операции за да изгледа како жива кукла

Модел си извади шест ребра и потроши 120.000 долари на пластични операции за да личи на жива кукла, а сега претендира и да го сруши моменталниот Гинисов рекорд за најтенка половина.

Пикси Фокс Пикси Фокс

Пикси Фокс отсекогаш сакала да изгледа како кукла и не штедела средства за да ја постигне својата цел. На 25-годишна возраст, ексцентричната Швеѓанка потрошила речиси 100.000 долари на пластични операции, меѓу кои за подигнување на задникот, липосукција и зголемување на градите.

Сара СтејџПикси Фокс пред трансформацијата

Но, опсесијата за модифицирање на телото на Пикси не застанала тука, бидејќи таа сонувала за многу тенка половина. Иако таа носела корсет 24/7 не можела да ги постигне посакуваните резултати да наликува на лик од цртаните филмови како Џесика Ребит или Аурора од „Заспаната убавица“, па одлучила да си отстрани дел од ребрата. „Тие ликови од цртаните филмови претставуваат идеализација на женското тело“ – рекла таа.

Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс

Проблемот бил што до пред еден месец ниту еден доктор не прифаќал да ја оперира Фокс. Конечно таа си ја постигнала целта минатиот месец, кога хирург од Индијана решил да ја изврши операцијата. „Отсекогаш сонував да си ги отстранам моите ребра, но е навистина тешко, речиси невозможно да најдеш хирург кој ќе прифати да го направи тоа. Единствената причина што сега можев да го направам тоа е што докторите конечно започнаа да ме сфаќаат сериозно. Тие гледаат дека не сум луда и дека знам што правам“ – рекла таа.

Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс

Заздравувањето од ваков вид операција трае шест недели, но Фокс се вратила на својот редовен начин на живот – вежбање и носење корсет нон-стоп – само два дена подоцна. „Веќе можам да видам резултат и да ја почувствувам разликата. Пред операцијата, корсетот ми ги притискаше ребрата и ми беше тешко и болно да го носам. Сега можам уште повеќе да го стегнам без никаква болка. Мислам дека сум многу блиску до постигнување на рекорд во најтенка половина“ – рекла Пикси која цели да го замени името на Кети Јанг, чиј струк е 38 см и моментално го држи Гинисовиот рекорд.

„Ако си дадам време да заздравам, да вежбам и да продолжам со мојот начин на живот, ќе слезам на 35 сантиметри“ – додала таа.

За да ја постигне својата голема цел, Пикси вежба 4-5 часа дневно. За неа е вистинско измачување да јаде леб или месо поради ограниченото место во корсетот, па најчесто јаде зеленчук, овошје и јатки, кои ги внесува во вид на смути.

Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс

Таа планира да се подложи на нов бран операции следната година за да се осигури дека ќе биде различна од сите останати луѓе на планетава. „Има шест милијарди луѓе на планетата. Зошто треба сите да личат едни на други? Тоа е здодевно. Се гледам себеси како артист за модифицирање на телото. Тоа е мојата работа. Тоа е она што го правам и ќе продолжам да се обликувам“ – вели Пикси.

Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс Пикси Фокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.