Почетна » Новости » Чуден свет » Мајката која и ставаше ботокс на малата ќерка го изгуби старателството

Мајката која и ставаше ботокс на малата ќерка го изгуби старателството

Кери Кембел, мајката која јавно призна дека ѝ става ботокс на својата 8-годишна ќерка, привремено го изгуби старателството над девојчето.

Вчера американските медиуми соопштија дека малата Бритни Кембел веќе не живее со својата мајка.

Службите одговорни за заштита на децата во Сан Франциско започнале истрага уште во петокот, а за време на викендот Бритни била земена од домот на Кери.

Бритни КембелНа лицето на малата Бритни се означени местата каде што Кери го става ботоксот

Кери, за која постои сомневање дека го крие својот вистински идентитет, го шокира светот откако јавно призна дека ѝ става ботокс и ја депилира својата ќерка за да ѝ помогне да биде поуспешна на натпреварите за убавина и да стане супер ѕвезда.

Бритни КембелБритни Кембел

Таа изјави дека идејата ја добила од други мајки кои ги носат своите деца на натпревари за убавина. Малата Бритни призна дека инјекциите ѝ причинуваат болка, но дека се навикнала, бидејќи не сака да има брчки.

Кери кембелКери Кембел

Стручните лица веднаш ги осудија ваквите постапки на неодговорната мајка и предупредуваат дека ботоксот може да има не само физички последици врз малите деца, туку и последици врз нивниот психолошки развој.

Сепак, експертите сметаат дека започнувањето на истрагата не значи дека Кембел целосно ќе го изгуби старателството над Бритни. Можно е да ѝ биде само наложено да посетува часови за родители или пак може да не се случи ништо ако се докаже дека ботоксот е добиван и ставан легално.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.