Почетна » Новости » Чуден свет » Мајка осудена на затвор откако била фатена во кревет со 14-годишник

Мајка осудена на затвор откако била фатена во кревет со 14-годишник

Сузан Дајверс, мајка на две деца, е осудена на 3 години затвор откако станало јасно дека имала сексуални односи со 14-годишник.

25-годишната Сузан признала дека во периодот од 28 декември 2009г. до 2 февруари оваа година осум пати имала средби за секс со малолетникот. Нејзиниот партнер ја нашол в кревет со 14-годишниот тинејџер откако се вратил порано од работа.

Лисици

Бесрамната мајка се запознала со момчето за време на забава и се осмелила да го бакне. Кратко време потоа започнале да си разменуваат пораки и голи фотографии. Момчето започнало да бега од часови за да се среќаваат кај неа дома додека нејзиниот партнер бил на работа.

Но, кога таа ја прекинала врската, 14-годишниот тинејџер бил многу разочаран и се обидел да се обеси. Поради тоа, нивната врска продолжила.

На 2. февруари партнерот на Сузан порано се вратил од работа затоа што не се чувствувал добро. Слушнал врева од горниот кат, се качил и ја пронашол вратата од спалната заклучена. На сила ја отворил вратата и ги видел Сузан и 14-годишникот в кревет.

Младиот тинејџер избегал, а Сузан добила шлаканица од разлутениот партнер, за што подоцна тој бил опоменат од полицијата.

Сузан Дајверс го изгубила старателството над шестгодишниот и осумгодишниот син (кои ги има од претходна врска) и ѝ било забрането без надзор да има било каков контакт со момчиња под 16 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.