Почетна » Новости » Чуден свет » За Божиќ изела вечера од 30 000 калории

За Божиќ изела вечера од 30 000 калории

Американката Дона Симпсон е на добар пат да си ја оствари целта и да стане најдебелата жена во светот. Таа за Божиќ изела вечера која содржела неверојатни 30 000 калории.

43-годишната мајка на две деца два часа се гостела од богатата вечера и на крајот изјавила: „Не е Божиќ ако не се чувствуваш прејаден после оброкот“.

Дона СимпсонДона Симпсон

Празничната вечера на Дона вклучувала 2 мисирки од по 11 килограми, 2 бута од по 11 килограми, 4,5 килограми печени компири, 2,2 килограми пире и уште толку брокули, моркови, пченка. Но, тоа не е сè. Таа на крајот изела и голем десерт, а целото задоволство ја чинело Дона околу 230 долари.

Сепак, тоа и не треба толку да нè изненадува ако се знае дека „амбициозната“ Американка секој ден консумира по 12 000 калории. Нејзината неделна сметка за храна изнесува 750 долари. За да може да си дозволи да купува толку јадење, таа има свој сајт каде што мажи ѝ плаќаат за да ја гледаат додека јаде.

Целта на Дона е да достигне 450 килограми, а нејзиниот партнер целосно ја поддржува.

Дона веќе го држи светскиот рекорд за најдебела мајка. Таа во присуство на тим од 30 медицински лица во 2007г. ја родила својата ќерка Жаклин. Тогаш нејзината тежина изнесувала 241 килограми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.