Почетна » Новости » Чуден свет » Екстремна шокантна диета пред свадба: хранење со цевка преку нос

Екстремна шокантна диета пред свадба: хранење со цевка преку нос

Секоја невеста сака да изгледа најубаво и најблескаво на својот свадбен ден. Но, некои идни невести се подготвени да преземат подрастични мерки со цел да го постигнат посакуваниот изглед.

Деновиве светот е шокиран од контроверзна екстремна диета која станува сè попопуларна кај амбициозните невести – диетата К-Е. Нема да ви се верува, но за време на диетата хранењето се врши преку цевка која минува низ носот и достигнува до стомакот. Преку цевката во телото се внесуваат масти, протеини и вода. Лицето кое слабее дневно добива по 800 калории, но во нив нема ниту грам јаглехидрати. Во текот на диетата, лицето постојано носи со себе чанта во која стои потребната „храна“ и ниту за секунда не ја вади тенката цевка од носот.

ЏесикаПациентката Џесика со тенка цевка за хранење

Докторот Оливер Ди Пиетро тврди дека за десет дена со оваа диета се губат 9 килограми и тоа без да се појави чувство на глад. „За само неколку часа и вашиот апетит и гладот исчезнуваат целосно, па пациентите воопшто не се гладни во текот на десетте дена. Токму затоа оваа диета е толку неверојатна. Основните странични ефекти се лош здив и евентуален запек бидејќи нема растителни влакна во храната“ – изјавил тој за ABC.

Џесика Шнајдер е една од идните невести која ја испробала диетата и тврди дека иако не чувствувала глад, не се чувствувала баш пријатно, особено во моментите кога требало да им објаснува на луѓето зошто има цевка во носот.

„Понекогаш требаше да измислувам изговори за да им објаснам на луѓето кои ме прашуваа дали сум болна. Јас им велев: Не, не сум болна, не умирам, добро сум“ – признала таа.

Цената на десетдневната диета е 1.500 долари.

Можеби диетата изгледа едноставно, но критичарите предупредуваат дека не се препорачува нагло слабеење бидејќи не е здраво, а освен тоа и тешко се одржува новопостигнатата тежина.

Погледнете како изгледаат „пациентките“ кои се на оваа диета:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.