Почетна » Новости » Чуден свет » Германец го кастрирал 57-годишниот љубовник на малолетната ќерка

Германец го кастрирал 57-годишниот љубовник на малолетната ќерка

Бесен татко, кој не го одобрувал повозрасниот љубовник на својата ќерка, отишол во неговиот дом и го кастрирал со нож за леб.

47-годишниот Хелмут Зајферт, Германец по потекло од Русија, побеснал кога слушнал дека неговата 17-годишна ќерка имала врска со 57-годишниот Филип Геншер. Сакајќи да преземе нешто, тој бил в полиција, но таму му објасниле дека немаат право да се мешаат.

Кујнски нож

„Тогаш тој повикал двајца колеги од работа и отишол во домот на жртвата“ – изјавиле од полицијата.

Таму, Хелмут го присилил 57-годишниот Филип да си ги соблече панталоните и го кастрирал со кујнски нож. Напаѓачот заминал земајќи ги со себе отстранетите тестиси.

И покрај силното крварење, Филип успеал некако да се јави в полиција. Докторите го спасиле од сигурна смрт, но тој ќе остане евнух до крајот на животот.

Зајферт признал дека е виновен и наредната година ќе му биде судено за обид за убиство. Тој сè уште не издал кои се двајцата негови соучесници.

За полицијата тој изјавил: „Примив анонимен телефонски повик дека мојата ќерка била во врска со човек кој е 40 години постар од неа. Вие рековте дека не можете да го запрете, па јас го направив тоа. Го сметав тоа за моја обврска како татко.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11045 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.