Почетна » Новости » Чуден свет » ВИДЕО: Шокантна „јога“ за бебиња

ВИДЕО: Шокантна „јога“ за бебиња

Шокантно и бизарно се недоволно силни зборови кои би ја опишале „јогата“ за бебиња која Лена Фокина ја практикува со новороденчиња. Кога ќе погледнете видео во кое таа ги врти бебињата околу себе со огромна брзина често држејќи ги само за една рака или нога, веројатно ќе си помислите дека си игра со кукли.

Многу веб сајтови го забранија поставувањето на нејзините видеа бидејќи сметаат дека тоа го поддржува злоупотребувањето на децата, а други пак, ги оценија видеата како измама.

Лена Фокина

Но, нејзините видеа, верувале или не, се реални и 51-годишната Русинка е горда на она што го работи.

Лена држи семинари за родители во Египет каде што родители од цела Европа ѝ плаќаат за нивните мали бебиња да ја добијат нејзината „терапија“. Иако повеќето бебиња плачат, а некои повраќаат за време на вежбите, Лена тврди дека тоа е за нивно добро.

„Тоа е многу добро за бебињата и воопшто не е опасно. Некои бебиња на почетокот плачат, но потоа започнуваат да уживаат. Повеќето луѓе мислат дека малите бебиња можат само да лежат в кревет, да јадат и да плачат. Но, бебињата се родени со природни рефлекси кои можеме да ги искористиме за да им помогнеме да се развијат физички и интелектуално. Работам со родители од цела Европа“ – вели Лена.

Лена Фокина

Ваквата бебешка јога била користена во минатото од африканските племиња, но во модерното општество ја популаризирал рускиот доктор Игор Чарковски.

Сесиите на Лена, која е мајка на пет деца, траат до пет минути, а таа работи со бебиња до двегодишна возраст.

„Сите мои деца се растени според методите на Чарковски и сите постигнуваат големи резултати во животот – тие се руски шампиони во падобранство, нуркање и јавање. Сега моите деца практикуваат некои од тие методи на своите деца“ – тврди таа.

Лена Фокина

Иако Лена тврди дека нејзините движења не се штетни ако се прават правилно, сепак докторите се едногласни дека ненадејните движења и тресењето на бебињата носат реален ризик од појава на т.н. „Shaken baby syndrome“, кој може да биде фатален.

Милиони луѓе се шокирани од „јогата“ на Лена и остро ја критикуваат, но таа вели дека не ги чита мислењата на критичарите. „Ако имам критичари на интернет, нема да ги читам, немам време“ – вели таа.

Погледнете како изгледа јогата за бебиња на Лена:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.