Почетна » Новости » Чуден свет » ВИДЕО: Маж ѝ кажува на свршеницата дека е татко на 70 деца

ВИДЕО: Маж ѝ кажува на свршеницата дека е татко на 70 деца

Да, добро прочитавте, 70 деца. Бен Сизлер, кој донирал спрерма за да може да си го плати школувањето на факултет, открил дека е биолошки татко на 70 деца. Во видеото што можете да го видите подолу, тој ѝ ја соопштува оваа бројка на својата свршеница.

БенБен Сизлер

33-годишниот Американец донирал сперма три години, додека бил студент по право. За секоја направена донација добивал по 150 долари. На почетокот планирал да остане анонимен, но пред четири години се зачленил на сајтот Donor Sibling Registry, кој ги поврзува донорите и потомците помеѓу себе.

„Ми кажаа дека ќе бидам анонимен. Тоа имаше смисла. Не мислев дека луѓето ќе се обидат да ме пронајдат“ – признал Бен. Тој објаснил дека во периодот кога бил донор никој не бил толку отворен со своите деца во однос на нивното потекло, а и дека интернетот не бил тоа што е денес, па не ни замислувал дека некогаш може да се најде во ваква ситуација.

Но, 70 не е конечниот број. „Знам за 75 деца... Имам причина да очекувам помеѓу 120 и 140“ – изјавил тој.

Видеото во кое Бен му признава на свршеницата Лорен за бројот на неговите деца е снимено во рамките на реалното шоу „Style Exposed: Sperm Donor“.

„Од тие 70 колку сметаш дека те имаат контактирано?“ – го прашува Лорен во видеото. „Не знам... Би рекол дека се околу 15-20“ – одговара Бен.

Лорен, свршеницата на Бен Лорен, свршеницата на Бен

„Дали мислеше на последиците?“ – продолжува Лорен. „Не знам. Изгледа бев глупав, можеби и сега постапувам глупаво, не знам“ – возвраќа Бен во видеото.

Веќе 15-20 деца или нивни родители се обиделе да стапат во контакт со него, а тој лично се има сретнато со две од нив. Бен признал дека му е мило што се запознал со децата, но дека на моменти тоа му изгледало нереално. „На некој начин беше лудо. Од една страна, овие деца се биолошки мои деца. Од друга, не се мои деца. Јас не сум ги растел. Немам контрола врз тоа како се растени“ – признал тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.