Почетна » Новости » Чуден свет » Бугарки откриле скриени камери во изнајмениот стан во Америка

Бугарки откриле скриени камери во изнајмениот стан во Америка

Како и многу други млади од Балканот, 22-годишната Вања Амоквариева и 23-годишната Ралица Џамбазова решиле ова лето да го поминат работејќи во Америка. Двете Бугарки веќе два месеца престојувале во стан во Тампа, Флорида, пред да откријат дека низ изнајмениот стан имало поставени скриени камери.

Вознемирените девојки откриле дека една камера е насочена да снима кон тушот, а друга кон нивната спална соба.

Вања и РалицаВања и Ралица

Во интервју за локална телевизиска станица, Вања изјавила дека на почетокот сметале дека уредите се детектори за чад и дел од системот за аларм, иако еднаш се пошегувале дека може да се и камери. Но, потоа започнале да се сомневаат затоа што од нив излегувале жици. Пред неколку дена решиле да ги проследат жиците и откриле дека водат до заклучен плакар. Откако ја пробиле вратата, виделе дека жиците се поврзани со безжичен рутер.

Девојките веднаш пријавиле в полиција и детективите истражуваат кој би можел да ги постави камерите, дали било снимано и каде биле праќани снимките.

„Бев шокирана. Ова е ужасно. Никогаш не очекував дека ова ќе ми се случи мене и на мојата пријателка. Ние дојдовме само да поминеме едно лето во САД, да работиме тука“ – изјавила Џамбазова.

„Во бањата си, се тушираш, правиш сè. Апсурдно е што има камера, ова е начин да нè покажат голи... да покажат што правиме во бањата?“ – дополнила Вања.

Двете девојки сакаат да дознаат што се случило со снимките, да се казни сторителот и да ја распространат приказната за ова да не им се случи на други млади луѓе кои од различни држави од светот заминуваат за Америка во текот на летните месеци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.