Почетна » Новости » Чуден свет » Бремена тинејџерка: „Се пијанам за да не бидам здодевна“

Бремена тинејџерка: „Се пијанам за да не бидам здодевна“

Британката Холи Пигот ја шокираше јавноста со своето отворено признание дека иако е бремена во петтиот месец, не престанува со лудото забавување по ноќни клубови и пијанењето.

19-годишната тинејџерка иако знае дека со консумирањето алкохол може да му наштети на своето неродено бебе, продолжува да пие за да не стане здодевна и да не ги изгуби пријателите.

„Не сум идиот, знам дека можно е да му наштетувам на моето бебе. Но, загрижена сум дека ако не пијам, ќе станам здодевна и дека ќе ги изгубам пријателите ако не продолжам да излегувам во ноќни клубови – изјавила таа за списанието Closer.

Холи Пигот19-годишната Холи Пигот

Холи излегува да пие 5 дена неделно. Во работните денови пие по една чашка, но за време на викендите се пијани и се забавува некогаш и до 7 часот наутро. Во просек таа неделно пие 32 единици алкохол (една единица = 10ml чист алкохол). Колку за информација, жените кои НЕ се бремени не треба да пијат повеќе од 14 единици алкохол неделно. Холи пие пиво, вотка, јегер бомби и различни коктели, но вели дека го избегнува жестокиот алкохол затоа што бил посилен.

„Се пијанам, танцувам и зборувам со различни луѓе... Моите пријатели не ми забрануваат да пијам, и тие се пијанат“ – кажала Холи.

Неодговорната идна мајка дури и признала дека таткото на нејзиното бебе не знае дека таа пие неконтролирано. Ако ѝ се слоши и поврати, има изговор дека тоа е поради мачнини од бременоста.

„Ако повратам, можам да речам дека тоа е поради бебето. Адам не знае колку пијам – се надевам дека нема да го види ова“ – рекла таа.

Освен што пие, Холи и пуши виткани цигари, но вели дека ги намалила цигарите затоа што тие се поштетни од алкохолот.

„Сега пушам само по 6 дневно, иако за време на викенд кога излегувам пушам по 20. Ги намалив, но тешко е. Чувствувам грижа на совеста, но оваа бременост не беше планирана. Јас сум млада и не сум подготвена да престанам да живеам“ – објаснила Холи.

Холи се запознала со Адам минатата година и по две недели спиела со него. На почетокот користела контрацептивни пилули, но откако престанала да ги користи поради медицински причини, не му кажала нему и имале незаштитен секс.

„Не мислев дека можам да забременам, бидејќи мајка ми се мачеше да ме има мене“ – изјавила таа и признала дека сакала да абортира, но се предомислила кога видела дека е бремена во седмата недела.

Нејзината мајка ја нарекувала себична и ѝ рекла да престане да пие откако видела фотографии од пијаната Холи на Facebook. Но, очигледно ништо од тоа не допрело до бесната тинејџерка.

Холи вели дека ќе престане да пие по клубови кога стомакот ќе ѝ порасне и кога повеќе нема да ја собира облеката која сега ја носи. Тогаш ќе продолжела да пие дома, за никој да не ја гледа.

„Ќе се чувствувам премногу засрамена да ме гледаат како пијам и пушам, па ќе седам дома за да го правам тоа“ – продолжила со шокантните изјави Холи.

Сузан Флишер, којашто е основач на Организацијата за фетален алкохолен синдром во Велика Британија, изјавила: „До 7000 бебиња во Велика Британија секоја година се раѓаат со оштетување на мозокот поради алкохол и може да имаат како физички, така и ментални проблеми, да бидат родени предвремено или да починат пред раѓање. Жените не треба да пијат за време на бременоста – ако тие пијат, и нивното бебе пие. Тие си играат руски рулет со животот на своите бебиња“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.