Почетна » Новости » Чуден свет » Бизарно: „Пијам човечка крв на вампирски забави“

Бизарно: „Пијам човечка крв на вампирски забави“

Филмовите и сериите како „Twilight“ и „Vampire Diaries“ значително ја зголемија популарноста на вампирите. Но, на малкумина им е познато дека навистина постојат луѓе кои се обидуваат повремено да бидат вампири во вистинскиот живот.

Британскиот весник The Sun објави сторија за постоењето на подземно вампирско движење во кое официјално се вклучени 3000 луѓе. Тие се собираат еднаш месечно за да пијат крв меѓу себе.

24-годишната Британка која се нарекува „Пирета Блејз“ секој месец присуствува на вампирските собири кои се надгледувани од „Старешини“.

Пирета БлејзПирета Блејз

„Уште од детството чувствував потреба да пијам крв и да се претставувам како вампир. Со нетрпение ги очекувам собирите за да можам да се нахранам со крв и да го задоволам мојот глад за еден месец. Тоа е неверојатно доживување. Си заминувам со чувство како да сум преродена и исполнета со енергија“ – раскажала привремената „вампирка“ во интервју за The Sun.

Таа тврди дека луѓето кои се присутни на бизарните собири прво поминуваат на психолошки тестови од Старешините.

„Живеењето како вампир е сериозна обврска. Старешините треба да знаат дека луѓето што доаѓаат на собирите не се само деца опседнати со филмови кои мислат дека ова е кул. Ние сме многу сериозни во врска со нашиот начин на живот и ритуалите кои ги вклучува. Да бидеш вампир е доживотна обврска.“

„Многу од нас доаѓаат на собирите со партнери и пијат само од нивната крв. Други пак, доаѓаат сами. Јас имам пријателка од која се хранам на забавите. Уживам да се хранам од неа и таа е среќна да се храни од мене.“

„Сè е многу безбедно, затоа што сите кои присуствуваат имаат направено тест за сексуално преносливи инфекции, вклучително и за хепатитис и ХИВ. Исто така, на секој собир има медицинска сестра или доктор кој е дел од вампирскиот начин на живот.“

„Сите забави се приватни и се безбеден начин да се изразам како вампир. Ако на забавата присуствува некој којшто нема партнер, има посебен шатор каде што Старешините го запознаваат со потенцијалниот партнер за да се хранат еден од друг“.

„Најчесто цицаме од вратот, градите, рамото, раката или ногата. Тоа ме прави да се чувствувам како вистински вампир. Старешините нè учат како да се сечеме за да не си правиме лузни и како да цицаме без да си направиме штета.“ - изјавила Пирета.

Младата Британка изјавила дека сакала да пие крв уште од 10-годишна возраст, во истото време кога започнала да чита литература за вештерство.

„Започнав да носам темна облека и со текот на годините да читам сè повеќе и повеќе за вампиризмот. Брзо научив дека тоа е реален начин на живот и дека многу луѓе во Велика Британија живеат како вампири. До времето кога наполнив 15 години се имав обврзано кон вампиризмот. Нормално, мајка ми беше шокирана, но со текот на годините сфати дека тоа што сум вампир не е некоја фаза или некаков сексуален фетиш, туку начин на живеење“ – објаснила таа.

Пирета изјавила уште и дека дома спие во ковчег и дека поседува голема колекција на книги за вампири.

„Да си вампир е прекрасен, но многу сериозен избор, а не фантазија“ – дополнила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11062 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.