Почетна » Новости » Чуден свет » БИЗАРНО: Водители во шоу јадат месо еден од друг

БИЗАРНО: Водители во шоу јадат месо еден од друг

Неверојатно е колку далеку би отишле некои луѓе само за да добијат поголема популарност, или во случајов, поголема гледаност и поголем рејтинг. Двајца холандски водители направиле бизарна емисија во којашто пред публика изеле мало парче месо еден од друг.

За шоуто наречено „Заморчиња“ тие посетиле хирург кој отсекол од нив мали парчиња месо. Пред публика готвач ги испржил парчињата, а двајцата водители седнале на маса и ги изеле.

Двајцата водители заедно со готвачотДвајцата водители заедно со готвачот

„Ништо не е толку специјално кога зборувате за вкусот на месото. Но, чудно е да гледаш во очите на пријател додека го џвакаш неговиот стомак“ – изјавил Денис Сторм.

„Готвачот го приготви во тавче со сончогледово масло. Не додадовме сол или пипер, затоа што сакавме да знаеме каков е вкусот“ – додал Сторм.

На водителот Валерио Зено хирург му отстранил парче од стомакот, додека Денис Сторм одлучил да се раздели со мал дел од неговиот задник.

Двајцата водителиВодителите ги покажуваат отсечените парчиња месо

Зено го споредил вкусот на човечкото месо со оној на гума од автомобил и му било потребно малку повеќе време за да го голтне залакот.

Инспирацијата за бизарното шоу водителите ја добиле додека го гледале филмот „Alive“, во кој рагби тим доживува авионска несреќа на оддалечено изолирано место и играчите се принудени да јадат човечко месо.

„Оттогаш се прашувам каков вкус има човечкото месо“ – изјавил Зено за Ројтерс.

Емисијата со канибалистички елементи беше емитувана вчера. Сторм изјавил дека болката вредела, затоа што добиле големо медиумско покритие.

„Тоа се само неколку сантиметри месо. Сега имам добра приказна за оваа лузна“ – изјавил тој.

Двајцата изјавиле дека не би го направиле тоа повторно, затоа што би била потребна друга операција. Иако некои медиуми пишуваа дека шоуто може да е измама, од телевизијата BNN која ја емитувала емисијата изјавиле дека „дегустирањето“ навистина се случило. Зено дури и ја покажал и лузната на стомакот за Ројтерс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.