Почетна » Новости » Чуден свет » 20-годишна си ја продава невиноста за да гради домови за сиромашните

20-годишна си ја продава невиноста за да гради домови за сиромашните

Катарина Миглиорини ја разбранува јавноста со аукција на која си ја продава невиноста. 20-годишната Бразилка за првпат ќе има сексуални односи со личност која ќе ја понуди највисоката сума.

Голем дел од собраните пари таа планира да ги даде на невладина организација која гради модерни домови во Санта Катарина. Досега највисоката понуда е 160.000 долари.

Катарина МиглиориниКатарина Миглиорини

Аукцијата предизвика многу негативни реакции, но уште поконтроверзно е што секој нејзин чекор и сите нејзини емоции пред и по првиот секс ќе бидат снимани од австралиска филмска екипа и ќе бидат прикажани како документарен филм со наслов „Virgins Wanted“.

Победникот во аукцијата ќе може да помине еден час со Катарина во авион кој ќе лета од Австралија кон САД, со цел да бидат „заобиколени“ законите за проституција. Бакнувањето е забрането, а задолжителна е употребата на кондом.

Катарина смета дека ваквата постапка не ја прави проститутка.

„Гледам на ова како на бизнис. Имам можност да патувам, да учествувам во филм и да добијам бонус за тоа. Ако го направиш само еднаш, тогаш не си проститутка, исто како што автоматски не си фотограф ако успееш да направиш една добра фотографија. Аукцијата е само бизнис. Јас сум романтична девојка и верувам во љубовта. Но, ова ќе направи позитивна промена во областа каде што живеам“ – изјавила таа за весникот Folha.

„Парите ќе бидат за мене, не за продуцентот. Сакам да создадам проект кој ќе им помогне на многу семејства да добијат свој дом“ – дополнила таа.

Катарина Миглиорини

Најголем проблем за неа било соочувањето со семејството. Кога татко ѝ дознал за нејзините намери, бил бесен, но се смирил откако таа му ги покажала своите замисли за тоа како ќе се потрошат парите.

Сепак, нема сите пари да заминат за помагање на сиромашните лица. Дел од парите таа ќе искористи за да студира медицина во Аргентина.

Освен Катарина, на аукција си ја продава невиноста и момче со име Александар. Двајцата учесници во бизарниот проект ќе добијат по 20.000 долари, плус 90% од финалната сума понудена на аукцијата.

Трејлер за документарниот филм

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.