Почетна » Новости » Чуден свет » 10-годишно девојче роди ќерка

10-годишно девојче роди ќерка

Десетгодишно девојче од Колумбија, чиј идентитет не се открива, се вброи во групата на најмлади мајки на светот кога било досега. Нејзиното бебе било родено со царски рез.

Новороденчето

Кога пристигнало в болница, девојчето било во 39. недела од бременоста, а поради големите болки од контракциите, силно плачело. Дотогаш девојчето, кое припаѓа на племето Вају, немало посетено доктор за да ја следи својата бременост.

Докторите ја направиле потребната операција со царски рез и во моментов и бебето и мајката се во добра здравствена состојба. Директорот на болницата го оцени настанот како шокантен и изјави дека и претходно имале слични случаи со Вају девојчиња кои наместо да си играат со кукли, чуваат деца уште од мали нозе.

„Во периодот кога би требало да си играат со кукли, тие треба да чуваат бебе. Тоа е шокантно“ – изјавил тој.

10-годишната мајкаИдентитетот на мајката се чува во тајност

Веста брзо се прошири низ цел свет, но како што пишува New York Daily News, нема никакви информации за таткото, ниту за околностите во кои зачнало девојчето.

Иако властите во Колумбија би можеле да го обвинат таткото на бебето за секс со лице што е под законски дозволената возраст за полови односи, племето Вају има одредена автономија која му дозволува да си зачува некои елементи на културно наследство, како раѓање на деца на екстремно млада возраст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.