Почетна » Новости » Чуден свет » 10-годишно девојче роди син

10-годишно девојче роди син

Десетгодишно девојче од Мексико се породило во 31. недела од бременоста и родило момче тешко 1,5 килограми.

Младото девојче било донесено во болницата на 22 октомври во лоша здравствена состојба. Недоносеното бебе било родено со царски рез во градот Пуебло и веднаш било преместено на интензивна нега каде се опоравува од пневмонија. Иако докторите се плашеле дали бебето ќе преживее, сега е во стабилна состојба.

Рака на мајка и бебе

Мајката веќе е отпуштена од болницата, но секојдневно го посетува бебето за да може да го дои. Сè уште не се знае кој е таткото, а мексиканските власти спроведуваат истрага за да утврдат дали девојчето било силувано.

Според мексиканските закони, абортусот за млади мајки е забранет, освен ако не докажат дека се жртви на силување. Но, наскоро се очекува промена на овој закон кој предвидува парични казни и дури и затворска казна.

Ова не е прв случај во Мексико шокантно младо девојче да се породи. Минатата година 11-годишната Амалија роди дете откако била повеќе пати силувана од својот очув кога имала само 10 години. Тогаш мајката на девојчето го пријавила случајот во полиција. Групите за заштита на правата на жените тврдат дека докторите не го известиле девојчето за правото на абортус на жртвите на силување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.