Почетна » Новости » Музика » Фаворитката од Малта: Младата пејачка Дестини цели кон тронот на Евровизија

Фаворитката од Малта: Младата пејачка Дестини цели кон тронот на Евровизија

Прва победа за Малта на Евровизија? Дестини Чукуниере со „Je Me Casse“ со моќен глас и непоколеблив став чекори кон евровизискиот трон.

Во пресрет на музичкиот натпревар, кој се прошири надвор од границите на Европа, изведувачите се во финални подготовки за незаборавен перформанс, а претставничката на Малта се оцртува како фаворит не само во обложувалниците, туку и меѓу милионите фанови.

Дестини

Ведрата нумера „Je Me Casse“ промовира зајакнување на жените преку забавен ритам. Обединувајќи неколку музички стилови, песната опишува самоуверена жена, задоволна со своите постигнувања во животот, која со леснотија откачува манипулативен додворувач. Иако текстот е на англиски јазик, запаметливиот наслов е француска фраза којашто во слободен превод би значела „Заминувам оттука“.

„Не се работи за тоа дека мажите не ни се важни. Сакам да го потенцирам фактот дека мажите се важни во нашите животи затоа што ни помагаат многу. Песната е повеќе за тоа дека на жените не им се потребни мажи за да бидат успешни, за да бидат силни, за да бидат моќни и да бидат легендарни. Ние можеме да бидеме моќни и независни без маж“ – изјави таа за Wiwibloggs.

Композитори и текстописци на динамичната песна се Малин Кристин, Амануел Дермонт, Никлас Еклунд и Пит Беринџер.

Je Me Casse

Евровизиската приказна на Дестини всушност започна во 2015 година на Јуниорската Евровизија. Имено, на 13-годишна возраст таа победи со песната „Not My Soul“ откако освои рекордни 185 поени. Уште тогаш беше јасно дека ѝ претстои блескава кариера.

Само една година подоцна, започнаа споредбите на Дестини со легендарната Арета Френклин по нејзиниот настап на Britain’s Got Talent со „Think“.

Жирито и публиката инстантно го препознаа нејзиниот талент и беа одушевени од нејзината самоувереност, а „строгиот“ Сајмон Кауел изјави: „Чекав да дојде тука некој за кого ќе мислиме дека може да биде ѕвезда. И погоди кој е тоа... ти“.

Меѓу многуте успеси, талентираната пејачка ја запишува и победата во втората сезона на „X Factor“ Малта која ѝ овозможи да ја претставува родната земја на Евровизија 2020. Минатогодишното издание на фестивалот падна во сенка на пандемијата, но затоа сега се очекува ефектен „кам-бек“.

Дестини

Дека допрва ќе слушаме за Дестини говори и фактот што таа на почетокот на месецов потпиша договор со Sony Music за евровизискиот хит.

„Ова е остварување на сон и е потврда дека сум на вистинскиот пат и дека напорното работење се исплатува“ – истакна таа.

Дестини

„Je Me Casse“ ќе ја чуеме во Ротердам во рамките на првата полуфинална вечер закажана за 16 мај. А дали Дестини ќе се вброи во најмладите победници на музичкиот натпревар и ќе стане првиот изведувач кој победил и на „детската“ и на „возрасната“ Евровизија, ќе дознаеме наскоро.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.