Почетна » Новости » Музика » Одлучено е! Андреа Коевска со „Circles“ ќе нè претставува на Евровизија

Одлучено е! Андреа Коевска со „Circles“ ќе нè претставува на Евровизија

Андреа Коевска со „Circles" ќе нè претставува на овогодишното издание на избор на песна за Евровизија.

Младата пејачка ќе настапи на втората полуфинална вечер во Торино, Италија, на 12 мај.

Андреа

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција.“

„Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино!“ – напиша Андреа на социјалните мрежи.

Слушнете ја ,,Circles":

За разлика од претходните години кога Македонската Радио Телевизија избираше претставник, а потоа преку конкурс беше избирана и песна за него, годинава во изборот беше вклучена публиката.

Имено, стручно жири при МРТ селектираше 6 песни од вкупно 47 пристигнати композиции на објавениот конкурс. Во трката влегоа песни од Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа, а денес беше завршено гласањето од публиката и беа обелоденети гласовите од стручното жири.

Виктор и Андреа застанаа на врвот со по 20 поени. Но, правилата предвидуваат при изедначен број на гласови, одлуката за финалист да доаѓа од меѓународното стручно жири, па победи Андреа која од жирито освои 12 поени.

Андреа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.