Почетна » Новости » Музика » „За овој свет“ од Тоше Проески во изведба на Лара, ќерката на Симон Трпчески

„За овој свет“ од Тоше Проески во изведба на Лара, ќерката на Симон Трпчески

Лара Трпческа испрати важна порака со изведбата на „За овој свет“ од Тоше Проески.

Ќерката на пијанистот Симон Трпчески ја отпеа песната придружувана од детски и младински хор.

„Моја долгоочекувана желба, откако почна катастрофата на човештвото пред 2 години (корона пандемијата што се’ уште не е стопирана...), со мојата ќерка и колегите од МАКЕДОНИСИМО, во форма на музичка порака од децата и младината – до децата, младината и најважно – возрасните, за мудрост преку која ќе процвета подобар свет!“ – напиша Симон на Facebook.

„Уживајте во уште еднаш испеаната „За овој свет“ – песната што ни припаѓа на сите!“ – додаде тој.

Лара заедно со Ирина Давидовска ќе нè претставува на детската Евровизија 2022.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.