Почетна » Новости » Музика » Деми Ловато со емоции ја отпеа баладата инспирирана од нејзината зависност од дрога

Деми Ловато со емоции ја отпеа баладата инспирирана од нејзината зависност од дрога

Деми Ловато се отвори за борбата со пороците во новиот документарен филм „Dancing With The Devil“. На премиерата во Лос Анџелес, таа ја испеа истоимената балада која е инспирирана од предозирањето кое за малку не заврши фатално.

Песната е дел од претстојниот албум на Ловато, насловен „Dancing with the Devil... the Art of Starting Over“.

Засега на YouTube се објавени две епизоди од документарецот во кој Деми и нејзини блиски отворено раскажуваат за мрачниот период.

Ловато во 2018 година беше на работ на смртта поради предозирањето со нарокотици. Како последица на прекумерното користење дрога и алкохол, таа доживеа три мозочни удари и еден срцев удар, а до ден-денес има и оштетување на мозокот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.