Почетна » Новости » Музика » Дарио шири позитивно расположение со новата весела песна „Кој чека, ќе дочека“

Дарио шири позитивно расположение со новата весела песна „Кој чека, ќе дочека“

Дарио Панковски ја раздвижува македонската музичка сцена. Популарниот пејач и композитор ја објави својата нова песна, како и анимирано видео со текстот за истата.

Музиката и текстот на забавната „Кој чека, ќе дочека“ се на самиот Дарио, аранжманот е од Кристијан Габроски додека за видеото е заслужен Ристе Шкортов.

„Е па драги луѓе, ви ја претставувам мојата нова песна #КојЧекаЌеДочека". Песна за нови почетоци, песна за поубава иднина, песна за сите нас, весела, среќна, опуштена и по малку хумористична. Искрено се надевам дека наскоро сите заедно ќе дочекаме пак да се радуваме на свадби, родендени, забави и концерти, на сите убави моменти во животот. На здравје!“ – порача Дарио.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.