Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Калиопи за новата песна „Кад осване“ напишана од Ромео Грил

ВИДЕО: Спотот на Калиопи за новата песна „Кад осване“ напишана од Ромео Грил

Калиопи ја збогати својата музичка дискографија со уште една песна. На своите обожаватели таа им ја подари „Кад осване“.

Како и многупати претходно, така и овојпат, Калиопи соработуваше со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил. Тој ги потпишува музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на песната.

„Песната ‘Кад осване’ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен.Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови!Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна. Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно...“

„За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската 'Знам', со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека 'Кад осване' ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит!“ – изјави Калиопи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.