Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот за новата песна на Марија Шерифовиќ, со која се врати на сцената по 5-годишна пауза

ВИДЕО: Спотот за новата песна на Марија Шерифовиќ, со која се врати на сцената по 5-годишна пауза

Марија Шерифовиќ се врати на музичката сцена по 5-годишна пауза.

38-годишната српска пејачка, која е регионална ѕвезда, ги израдува фановите со новата песна „Dobar vam dan“ (Добар ви ден). Музиката и текстот се напишани од Леонтина Вукомановиќ, а аранжманот е на Дарко Димитров.

Марија пишува дека преку оваа песна му се обраќа на светот кој наликува на џунгла, без трошка ферплеј. Им се обраќа на сите кои живеат во хаосот од неправди и лаги, каде не постои милост за различните.

На крајот од нејзиниот пост на Instagram, таа им посака „Среќна Нова година“ на сите.

Шерифовиќ стекна голема слава со песната „Молитва“ со која во 2007 година победи на Евровизија во Хелсинки.

Марија Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.