Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Провокативен спот на Енрике за „Tonight (I’m Loving You)“

ВИДЕО: Провокативен спот на Енрике за „Tonight (I’m Loving You)“

Пикантната песна на Енрике Иглесијас „Tonight (I’m Loving You)“ доби и исто толку провокативен спот.

Во видеото Енрике е прикажан како заводник. Прво заведува убава бринета во ноќен клуб и води љубов со неа во темно ќоше, а потоа додека игра покер освојува со поглед уште една убава девојка. Спотот е исполнет со многу секси провокативни сцени.

Енрике Иглесијас

„Тоа е скоро како машка фантазија. Токму тоа сакавме и да го создадеме“ – изјавил Енрике во врска со видеото.

Постои и втора поексплицитна верзија на песната – „Tonight (I’m F***ing You)“. Кога Енрике бил запрашан дали имал за цел да го искористи „шок факторот“, тој одговорил дека воопшто не се работело за тоа. „Ја сакам песната. Ја обожавам мелодијата. Мислам дека е уникатна“ – изјавил шпанскиот срцекршач.

„Tonight (I’m Loving You)“ е дел од новиот деветти по ред студиски албум на Енрике, „Euphoria“.

„Tonight (I’m Loving You)“ – Енрике feat. Лудакрис

„Tonight (I’m F***ing You)“ – Енрике feat. Лудакрис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12036 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.