Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Ris Flower со преработка на хитот „Сите мои слики” од Ареа

ВИДЕО: Ris Flower со преработка на хитот „Сите мои слики” од Ареа

Со доаѓањето на пролетта доаѓа ново, комплетно освежување на македонската музичка сцена. Во пресрет на мајската промоција на новиот албум, Ris Flower за прв пат се појавува со песна на македонски јазик, која всушност е преработка на „Сите Мои Слики" од Ареа.

Продуцент и аранжер на овој сингл е Мустафа Чанбалзар. За видеозаписот задолжен бил Давид Михајлов.

„Огромно задоволство, но исто така предизвик и одговорност беше да се преработи песна која е буквално химна на многу генерации. Чест ми е што добив одобрување од членовите на ‘Ареа’ за преработка на овој хит. Музиката на оваа легендарна група, а посебно песната ‘Сите Мои Слики’ има големо влијание врз мене како автор, па затоа во пресрет на албумот кој го најавувам за оваа пролет, решив да направам преработка на истата а со тоа да изразам благодарност кон македонската музика и нејзиното влијание и инспирација врз музиката која јас ja творам на англиски јазик“ – изјави Ris Flower.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.