Почетна » Новости » Музика » Александар и Дац со нова песна „Вакцина“ на роденденот на „Корона Чао“

Александар и Дац со нова песна „Вакцина“ на роденденот на „Корона Чао“

Една година откако ја расположија публиката со „Корона Чао“, Драган Спасов-Дац и Александар Митевски имаат нова забавна преработка насловена „Вакцина“.

Дуото, заедно со Брастет Скопје и со специјалниот гостин Денис Јанкуловски-Космонаутко, сними кавер на „Марина“ од Роко Граната на актуелна тематика – вакцината против коронавирусот.

„Пристигна ВАКЦИНА за добро расположение! И тоа како подарок за вас, на денешниот роденден на ‘Корона Чао’. Убавите идеи се раѓаат наеднаш, од никаде, од секаде... Ќе светне како сијаличка и треба да ја зграпчиш и да се зафатиш со неа, за да излезе онака како што посакуваш. Сѐ се сними и направи за еден ден, како што обично знаеме. Но, насмевката на лице и доброто расположение ќе ви траат со денови и месеци. Ова е една наша идеа на која не и дозволивме да ни побегне. Ширете ја насекаде. Искрено се надеваме дека трудот не беше залуден“ – порачуваат тие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.