Почетна » Новости » Музика » „What Was I Made For?“ – слушнете ја песната на Били Ајлиш од саундтракот за „Barbie“

„What Was I Made For?“ – слушнете ја песната на Били Ајлиш од саундтракот за „Barbie“

Били Ајлиш го објави спотот за новата песна снимена за филмот „Barbie“.

Во видеозаписот за „What Was I Made For?“, 21-годишната пејачка си игра со облека за кукли и пее дека не е сигурна која е нејзината цел во животот откако ќе открие дека не е реална.

„Ова видео ме расплакува. Многу ми значи и се надевам дека ќе ви значи и вам“ – напиша таа на Instagram.

Песната е дел од саундтракот за „Barbie“, а за нејзиното создавање Били повторно соработуваше со својот брат и долгогодишен соработник Финеас. За новиот спот, познатата музичарка влезе и во улогата на режисерка.

Били Ајлиш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.