Почетна » Новости » Музика » „Time“ – спотот за новиот сингл на Никола Мицевски со Дамјан Пејчиноски

„Time“ – спотот за новиот сингл на Никола Мицевски со Дамјан Пејчиноски

Никола Мицевски го збогати своето музичко портфолио со уште едно брилијантно дело.

Талентираниот композитор и музичар го објави новиот сингл „TIme“, кој го сними во соработка со гитаристот Дамјан Пејчиноски.

Зад видеоспотот за „Time“ стои Даниел Јовески. Погледнете го:

„'Time' е инструментална композиција во синематик/етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот, а притоа да е претпознатливо дека се темели врз духот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика“ - вели Мицевски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.