Почетна » Новости » Музика » „Rođendanska“ – новата песна на Ѓорѓе Балашевиќ посветена на неговата сопруга Оливера

„Rođendanska“ – новата песна на Ѓорѓе Балашевиќ посветена на неговата сопруга Оливера

Постхумно беше објавена песната која Ѓорѓе Балашевиќ ја напишал за неговата сопруга Оливера.

Баладата „Rođendanska“ (Роденденска) беше претставена за време на мини концерт кој се одржа на 63-тиот роденден на Оливера, пред куќата во која живееше популарниот кантавтор на ул. „Јован Цвијиќ“ бр.33 во Нови Сад.

„Само еднаш реагирав бурно. Секогаш пишуваше за некои промашени, несреќни љубови, како љубовта не победува... И тогаш му реков: ‘Напиши ти песна дека си заљубен во баба’. Се разбира, ми упати еден од оние негови погледи. И напиша песна“ – рекла Оливера.

Песната, која трае шест минути, побуди силни емоции кај фановите на незаборавниот музичар кој почина во февруари минатата година.

Ѓорѓе и Оливера стапија во брак во мај 1981 година и заедно имаат три деца.

Балашевиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.