Почетна » Новости » Музика » „Monotonía“: Шакира објави нова песна инспирирана од разделбата со Пике

„Monotonía“: Шакира објави нова песна инспирирана од разделбата со Пике

Шакира ја објави новата песна која се претпоставува дека е инспирирана од разделбата со Жерар Пике.

Во „Monotonía“, 45-годишната пејачка пее дека за несаканите случувања виновна е монотонијата.

„Не беше твоја вина, а ни моја. Виновна е монотонијата. Никогаш не реков ништо, но ме болеше. Знаев дека ова ќе се случи“ – е текстот со кој започнува песната.

Во спотот, славната музичарка е прикажана со солзи во очите и со срце откорнато од градите, кое на крајот го заклучува на сигурно место.

Во јуни, Шакира и Пике обајвија дека се разделуваат. Тие беа заедно 11 години и имаат две деца.

Кратко време по разделбата, Пике беше фотографиран со новата девојка.

Шакира и Пике

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.