Почетна » Новости » Музика » „Inseparable”: Спотот за новата песна на момците од Brass Brothers

„Inseparable”: Спотот за новата песна на момците од Brass Brothers

Момците од Brass Brothers ја претставија својата нова песна „Inseparable”, како најава за нивниот прв авторски албум „Balkan Mayhem”.

Брзо темпо и експлозивна енергија совршено искомбинирана со меланхоличните звуци, „Inseparable” го носи препознатливиот звук на Brass Brothers кој никого не остава рамнодушен.

Музиката и аранжманот се на фронтменот на Brass Brothers, Горан Мицевски Кус, текстот го напиша Ник Де Карло, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.

ВИДЕО:

„Balkan Mayhem” е енергичен, моќен, оригинален и креативен албум, полн со живот.

„Албумот го работевме во време несвојствено за нас, за нашата енергија и мисија. Го работевме во време на пандемија, изолираност, одалеченост и неизвесност, со тежок предизвик во однос на финансиите. Но и покрај сите предизвици и потешкотии најголемата финансиска поддршка ја добивме од најпогодените во оваа пандемија, македонските ноќни клубови и кафе барови од повеќе градови од државата. Истите покажаа огромна поддршка и солидарност и овозможија реализација на видеозаписите на еден од првите DnB албуми на овие простори“ – велат Brass Brothers.

Brass Brothers е формиран пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (туба). Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе имаат една авторска песна на македонски јазик „Време Невреме“.

Brass Brothers Brass Brothers

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.