Почетна » Новости » Музика » „Dusty“ – слушнете ја новата песна на Ед Ширан инспирирана од неговата 2-годишна ќерка Лира

„Dusty“ – слушнете ја новата песна на Ед Ширан инспирирана од неговата 2-годишна ќерка Лира

Ед Ширан го објави спотот за новата песна „Dusty“, инспирирана од неговата поголема ќерка Лира Антарктика.

32-годишниот пејач приготвува појадок и слатко танцува со црвенокосо девојче во видеозаписот инспириран од моменти од неговиот вистински живот со 2-годишната ќеркичка.

„Да си родител очигледно е лудо и прекрасно. Да си родител во времиња на вистинска тага... има голема контрадикторност во тоа“ – рекол Ширан за песната која ја напишал во тежок период од својот живот кога починал неговиот најдобар пријател Џамал, а на неговата бремена сопруга ѝ бил дијагностициран тумор.

Тој објаснил дека доцна во ноќта посетувал мурал посветен на неговиот пријател Џамал, а потоа си легнувал и плачел додека да заспие. Ширан се будел во 6 часот наутро кога неговата ќерка скокала над него и му велела: „Ајде да слушаме музика и да јадеме овесна каша“.

„Тоа е она што е прекрасно кај децата. Можат да те расположат во такви времиња“ – рекол Ед.

Песната е дел од неговиот нов албум „Subtract“.

Ед Ширан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.