Почетна » Новости » Музика » „Boat“ – слушнете ја новата песна на Ед Ширан која е метафора за депресијата

„Boat“ – слушнете ја новата песна на Ед Ширан која е метафора за депресијата

Ед Ширан го објави спотот за новата песна, насловена „Boat“.

32-годишниот пејач го напишал текстот за време на зимскиот период кога имало многу лоши временски услови. Песната е метафора за депресијата, со која Ед отворено сподели дека се соочил минатата година по смртта на неговиот пријател Џамал Едвард и по откривањето на веста дека неговата сопруга имa тумор во бременоста.

„Песната е метафора за депресијата, песна која ја прикажува борбата кога се чувствуваш многу лошо и не знаеш како да го прекинеш циклусот“ – стои во соопштението за медиумите.

„Boat“ е првата нумера од неговиот петти студиски албум „Subtract“, создаден во бурен период за него.

„Чувствував дека не сакам да живеам повеќе. Чувствував дека сум под бран и се давам. На некој начин си во тоа нешто и не можеш да излезеш. Изгледаше себично, особено затоа што сум татко. Засрамен сум поради тоа“ – рекол тој.

На крајот од песната, Ед пее дека нема да дозволи брановите да го скршат неговиот брод.

Ед Ширан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11194 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.