Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Сексапилната Синди Крафорд заведува и на чекор од 50-тата година

ФОТО: Сексапилната Синди Крафорд заведува и на чекор од 50-тата година

Синди Крафорд е незапирлива заводничка и на чекор од 50-тата година од својот живот. 49-годишната манекенка сними фотосесија за „The Edit“ и зборуваше за модната кариера на својата 14-годишна ќерка Каја.

Чад Питман бил задолжен за фотографиите од едиторијалот „Still Super“.

Синди Крафорд Синди Крафорд

„Каја расцутува во многу убава млада жена и навистина сакам да ѝ дозволам да блесне. Не сакам да ме чувствува за конкуренција, иако на шега ѝ велам, „Ја имаш мојата стара коса, врати ми ја назад“ или „Врати ми ги нозете назад“. Но, таа ќе биде во ред. Таа е многу позрела отколку што бев јас на нејзина возраст“ – изјавил популарниот супермодел.

Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд

„Денес, се очекува моделите да бидат многу слаби и затоа се грижам за неа, бидејќи тоа никогаш не беше мојот природен тип на тело и мислам дека нема да биде ни нејзин“ – рекла Крафорд и додала дека често ѝ вели на ќерка си да ужива во јаглехидратите додека може.

Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд

Погледнете и дел од интервјуто со славната манекенка:

Синди овој месец ќе ја пушти во продажба својата прва книга „Becoming“, во која ќе бидат прикажани 150 нејзини фотографии, како од професионалниот, така и од приватниот живот.

Насловната страница на книгата на КрафордНасловната страница на книгата на Крафорд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.