Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кендал, Џиџи и Џордан се моќни и секси во модната кампања на Balmain и H&M

ФОТО: Кендал, Џиџи и Џордан се моќни и секси во модната кампања на Balmain и H&M

H&M и Balmain конечно ги открија рекламните фотографии од возбудливата модна соработка. За кампањата беа ангажирани Кендал Џенер, Џордан Дан, Џиџи Хадид, Дадли О'Шонеси и Хао Јуен Сјанг.

„Кога го сакаш светот на Balmain, ги сакаш и моделите кои се дел од него. Кендал, Џиџи и Џордан се мои пријателки и тие се совршениот избор за кампањата на Balmain и H&M“ – изјавил Оливие Рустан, креативниот директор на Balmain.

Кампањата беше снимена под палката на Марио Соренти.

Balmain и HM Balmain и HM Balmain и HM

Рустан дизајнираше лимитирана колекција за шведскиот бренд. Капсулната колекција вклучува машка и женска облека, обувки и модни додатоци и ќе биде достапна од 5 ноември во 250 продавници на H&M низ светот и онлајн.

Balmain и HM Balmain и HM

H&M секоја година остварува соработка со светски познати дизајнери и модни куќи. Претходно славниот бренд соработуваше со Донатела Версаче, Карл Лагерфелд, Lanvin, Стела Мекартни и Jimmy Choo.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.