Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 49-годишната Синди Крафорд за „Elle“

ФОТО: 49-годишната Синди Крафорд за „Elle“

Синди Крафорд е сè поактивна на модната сцена. Славниот модел е ѕвездата од октомвриското издание на „Elle“ Канада.

Макс Абедијан ја фотографираше атрактивната манекенка додека таа позираше во креации кои го истакнуваа нејзиното тело.

Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд Фотографијата од Синди Крафорд за „Marie Claire“ Фотографијата од Синди Крафорд за „Marie Claire“

Во интервјуто за списанието, Крафорд зборувала за „нефотошопираната“ фотографија која беше објавена пред неколку месеци. Се работи за фотографија од фотосесија која 49-годишната манекенка ја снимила за списанието „Marie Claire“ во 2013 година, а која наводно била украдена и обработена во Фотошоп со цел да се увеличат недостатоците на нејзиното тело.

„Таа фотографија не го рефлектираше тоа што јас го гледав кога ќе се погледнев во огледало, дури и во соблекувална со најлошо светло“ – изјавила Синди.

Крафорд признала и дека не разбира зошто луѓето се чувствуваа добро кога ја видоа лошата фотографија од неа. „Зошто гледањето на лоша фотографија од мене прави другите луѓе да се чувствуваат добро? Си го знам своето тело и знам дека не е совршено, но можеби имам лажна слика за тоа како треба да изгледа телото. Можеби мислам дека изгледам подобро отколку што навистина изгледам. Сметам дека повеќето жени се строги кон себеси“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.