Почетна » Новости » Мода » Романтична и софистицирана: Колекција венчаници од македонската дизајнерка Антонија Ристовска

Романтична и софистицирана: Колекција венчаници од македонската дизајнерка Антонија Ристовска

„Утринска роса“ е најновата колекција од ателјето на Антонија Ристовска. Македонската дизајнерка се инспирираше од пролетта со сите нејзини украси за да создаде невестински фустани кои суптилно ја истакнуваат убавината на женската фигура.

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

„На секоја венчаница е работен рачен вез, со мониста, свилен конец, тантела и нежни 3Д цветови, детали кои им даваат посебна вредност.“

„Стилот на венчаниците е бајковит и со вонвременска елеганција. Во моделите ќе се препознаат девојки со истенчен вкус, кои имаат софистициран стил и посебна харизма.“

„Колекцијата е составена од две под колекции. Првата е составена од модели во кои помалку или повеќе се застапени нежно розевата и светло сината боја. Кроевите се романтични, со доработки со мониста аплицирана на венчаниците преку нова техника. Во втората потколекција доминираат елегантни бели венчаници доработени со изобилство на 3Д цветови и богати тантели“ – истакнуваат од ателјето на Ристовска, која ја лансира колекцијата под подбрендот Antonija Ristovska Bride.

За промотивната фотосесија, моделите Сара Цветанова и Ангелина Китановска позираа во Скопје Мериот Хотел пред објективите на Ани и Дими.

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.