Почетна » Новости » Мода » Пролетна романса: Новата колекција долна облека на Lisca Fashion

Пролетна романса: Новата колекција долна облека на Lisca Fashion

Секоја жена заслужува атрактивна и квалитетна долна облека во која ќе се чувствува самоуверено, секси и комфорно.

Серијата Lisca Fashion во колекцијата пролет/лето 2017 има раскошен вез, еластична чипка, нежни набори и цветен принт кој ја нагласува женската нежност и елеганција. Ќе бидете воодушевени од атрактивните модели, кои се смели и исклучително женствени, а истовремено пријатни и функционални.

Lisca Lisca Lisca

Серијата е наменета за различни големини и на располагање се градници со жица во широк распон на броеви до E 95. Голем избор - од градници со жица, пенести и soft корпи без рабови, до различни push up модели кои ги дополнуваат чипкасти детали, сатенски завршетоци и транспарентни парчиња. Целокупниот изглед ќе го заокружи омилениот модел на гаќички: бразил, пенти или повисоки гаќички за оние кои сакаат да го сокријат стомачето.

Lisca Lisca

Lisca Fashion содржи и релаксирана и елегантна серија на ноќници и пижами, изработени од пријатни материјали, како што е wortex модалот. Женственоста ќе ја истакнат атрактивниот baby doll или комбине кои можат да се носат во комбинација со градник.

Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca Lisca

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.