Почетна » Новости » Мода » Приказна за уникатноста: Mango обединува жени од сите возрасти во новата кампања

Приказна за уникатноста: Mango обединува жени од сите возрасти во новата кампања

Со новата кампања, Mango раскажува приказна за уникатноста, обединувајќи ги дамите од секоја возраст. Лица на возраст од 20 до 63 години ги презентираат новите модни парчиња на шпанскиот бренд.

Фотографот Анџело Пенета застана зад објективот на неколку локации во Калифорнија и ги создаде рекламните фотографии.

„Ова е приказна за луѓето како мене, како тебе, луѓето како нас. Луѓе кои се прифаќаат себеси, своите таленти, страсти, предности и недостатоци. Кои го прифаќаат тоа што ги прави различни и специјални. Бидејќи сите ние имаме свои животни искуства, патишта на кои патуваме и цели. Бидејќи сите ние сме уникатни. Ова е приказна за уникатноста“ – стои на официјалниот сајт на Mango.

MangoЛин Слејтер

„Лин Слејтер, универзитетски професор по право, го започна својот моден блог со желба да допре до жените кои живеат, како што вели таа, „интересни, но обични животи““ – пишува на сајтот на познатиот бренд за Лин, која стои зад блогот „Accidental Icon“.

MangoБумика Арора

„Бумика Арора не е типичен модел. Потекнува од Карнал, конзервативен град лоциран во северна Индија, и се има соочено со многу препреки обидувајќи се да го оствари својот сон да успее во модната индустрија“ – велат од брендот за Арора.

Априлската кампања на Mango Априлската кампања на Mango Априлската кампања на Mango Априлската кампања на Mango Априлската кампања на Mango Априлската кампања на Mango Априлската кампања на Mango

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11828 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.