Почетна » Новости » Мода » Претставен првиот онлајн каталог на Biana Shoes

Претставен првиот онлајн каталог на Biana Shoes

Biana Shoes е пионер во чевларската индустрија во Македонија, кој од своето основање во 1993 година е посветен на производство на женски чевли за секојдневни прилики и специјални пригоди. Работејќи во чекор со трендовите, следејќи ги желбите на своите потрошувачи, Biana Shoes го креираше својот прв онлајн каталог за зимската колекција 2015/2016.

Kористејќи го социјалниот медиум Facebook како основна платформа, фановите на Biana Shoes гласаа за своите омилени комбинации направени во соработка со познатите македонски блогерки Skopje Casual и Urban Vibe by Miss E. Девојките имаа за задача да креираат модни комбинации со различни модели на чизми, а фановите на Facebook страницата на Biana Shoes гласаа за моделите и комбинациите кои им се допаѓаа најмногу.

Изглед на предизвик: Skopje CasualИзглед на предизвик: Skopje Casual Изглед на предизвик: Urban Vibe by Miss EИзглед на предизвик: Urban Vibe by Miss E

По еден месец гласање, фановите го направија својот избор, а конечните резултати можете да ги погледнете тука:

http://on.fb.me/1P8HHBG

Biana

„Им благодариме на сите фанови кои земаа учевство во нашите мини натпревари, како и на блогерките кои беа дел од оваа наша кампања. Продолжуваме да работиме со полна пареа, секогаш да ги задоволиме потребите на нашите верни фанови и љубители на удобните и квалитетни чизми.” вели извршниот директор на Biana Shoes, Ивица Додиќ.

Останете во тек со сите активности на Biana Shoes преку нивната Facebook страница: https://www.facebook.com/BianaShoes/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.