Почетна » Новости » Мода » Почина легендарниот моден фотограф Питер Линдберг

Почина легендарниот моден фотограф Питер Линдберг

Почина Питер Линдберг. Легендарниот моден фотограф и режисер издиша за последен пат на 74-годишна возраст.

Причината за смртта сè уште не е откриена.

Питер Линдберг

Во неговата 5-децениска кариера, германскиот фотограф соработуваше со стотици холивудски и модни ѕвезди, како Синди Крафорд, Наоми Кембел, Анџелина Џоли, Бред Пит, Џенифер Лопез, Никол Кидман и Кејт Бланшет.

Линдберг беше навистина одличен фотограф, чија креативна естетика ја обликуваше целата модна индустрија. Тој беше познат по црно-белите фотографии и доловувањето на природната убавина на жените. Питер ги редефинираше стандардите за убавина, одбивајќи, со помош на Фотошоп, да ги доведува своите модели до совршенство.

Питер Линдберг Питер Линдберг Питер Линдберг Питер Линдберг Синди Крафорд и Каја Питер Линдберг

Последен негов голем проект беше „Силите на промената“, фотосесија која ја сними со 15 импресивни жени за септемвриското издание на „Вог“, чиј гостин-уредник беше Меган Маркл.

Вог Вог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.