Почетна » Новости » Мода » Пенелопе Круз префинета во црно во Париз откако стана бренд амбасадор на Шанел

Пенелопе Круз префинета во црно во Париз откако стана бренд амбасадор на Шанел

Пенелопе Круз низ годините има изградено силни партнерства со повеќе брендови. Најактуелните нејзини соработки се со Swarovski (Сваровски) и Chanel (Шанел).

44-годишната актерка присуствуваше на настан по повод лансирањето на нејзината колекција накит со Swarovski во Париз. На свеченоста таа изгледаше префинето во црн фустан од колекцијата есен/зима 2018 на Шанел.

Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз

Круз деновиве и официјално може да се пофали со титулата бренд амбасадор на Шанел. Беше објавено дека таа е главната ѕвезда од рекламните фотографии за колекцијата ресорт 2019.

„Тоа е толку иконски бренд и Карл е гениј и му се восхитувам за сè што има направено уште откога бев девојче, па огромно е задоволството да работам со него. Тој е како крал на модата и имавме навистина, навистина интересно снимање на фотосесија, па тоа што бев пред неговиот фотоапарат е авантура“ - изјавила Круз.

Пенелопе Круз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.