Почетна » Новости » Мода » Од агенцијата ѝ велеле дека е крупна за да биде модел, таа им возврати со отворено писмо

Од агенцијата ѝ велеле дека е крупна за да биде модел, таа им возврати со отворено писмо

Чарли Хауард разгори многу дискусии откако со отворено писмо ја откачи својата модна агенција. 23-годишниот модел од Лондон објави дека повеќе не ги толерира обвинувањата дека е премногу крупна и дека не е во форма за да биде модел.

Чарли Хауард

„Повеќе не ви дозволувам да ми диктирате што не е во ред со мојот изглед и што треба да променам за да бидам „убава“... Ако случајно немате забележано, јас сум жена. Јас сум човек. Не можам магично да истружам дел од колковите само за да се вклопам во примерните парчиња облека или за да одговорам на вашите „агенциски стандарди“. Се борев против природата долго време, бидејќи го оценувавте моето тело како заоблено, но од неодамна започнав да си ја сакам формата. Немам големи гради, но мојот задник е ОК и за голем дел од моите клиенти, тоа е ОК. Во секој случај, да ги разгледаме фактите: кога тежев 47 килограми, сè уште не бев доволно слаба за вас. Кога вежбав по 5 часа неделно, вие сè уште не ми наоѓавте работа. Не можам да победам...“ – пишува таа.

Чарли Хауард Чарли Хауард

„Иронично, сакам да работам како модел. Ќе продолжам да го правам тоа, но под мои услови. Моето ментално и физичко здравје е многу поважно од една бројка на вагата“ – продолжува Хауард.

Чарли Хауард Чарли Хауард

Писмото на Чарли доби огромно медиумско внимание и поттикна многу критики за стандардите за убавина кои ги наметнува модната индустрија.

Чарли Хауард Чарли Хауард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.